Георгиевски: ПИК Сегед е тежок и добро познат противник, против нас играат со голем мотив

1 min read

Крилото на Вардар, Гоце Георгиевски, очекува тежок натпревар на неговиот тим на гостувањето кај ПИК Сегед во седмото коло од Лигата на шампионите.

Вардарци се во серија од три порази во елитното натпреварување и ќе се обидат во следните два натпревари против унгарскиот тим да се вратат на победничките патеки.

Ракометарите се свесни дека ги очекуваат тешки натпревари против ПИК Сегед со кого Вардар имаше неколку тешки натпревари во минатото.

– Не очекува еден тежок противник кој ни е многу добро познат. И минатата сезона одигравме два тесни натпревара со нив, на двата меча не победија и мислам дека и оваа сезона ќе бидат слични натпреварите, неизвесни до крај. Тие се квалитетен тим, ние се подготвуваме, гледаме видео-анализи. Во неделата одиграа еден добар натпревар со Веспрем, пред се во одбраната. Одиме таму да се надигруваме со нив, без бело знаме. Знаеме какви поединци имаат, добро ги анализиравме и мислам дека имаме шанса. Тие секогаш играат против нас со голем мотив, па ќе биде тежок натпревар, но мислам дека ќе не послужи среќата за поволен резултат – вели Гоце Гергиевски.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Архитектот Радоњиќ: Законот за легализација на дивоградбите е незаконски

Следно

Југослав Јовановиќ кој ја ограби богаташката Тамара Еклстон осуден на 11 години затвор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian