Еурофарм Пелистер против АЕК Атина оди по прв европски триумф

1 min read

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва од 18.45 часот играат против АЕК Атина во рамки на третото коло во ЕХФ Европската лига и ќе се обидат да дојдат до првиот триумф сезонава.

По првите две гола, битолчани имаат пораз од Ним (21:26) и реми со Кадетен Шафхаузен (28:28), додека гркиот тим сезоната ја започна со две победи, над Татабања (34:26) и изненадувачкиот триумф над Ним (27:26).

Тренерот на Е. Пелистер, Жељко Бабиќ е свесен дека неговите ракометари ги очекува тежок напревар вечерва.
– Победија на убедлив начин во првото коло на домашен терен со Татабања, а во второто коло ја изненадија цела Европа со победата во Ним. Стабилна екипа, во налет се и заслужува респект. Сезоната е долга, оптимисти сме, желни сме за натпреварување и едвај чекаме да почне натпреварот и да видиме која е вредноста на АЕК. Во добар момент сме, во добра форма сме и со нетрпение го чекаме натпреварот и уверен сум дека ќе покажеме добар тимски дух, добро трчање, добра одбрана и верувам дека АЕК ќе „удри“ во цврст „ѕид“ на Е. Пелистер. Спремни сме да одиграме одличен натпревар и ќе видиме за што ќе биде тоа доволно – смета Бабиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Димитриевски ќе бара пренамена на средствата за новогодишно украсување поради енергетската криза

Следно

Џон Ву се враќа во Холивуд со акциониот филм „Silent Night“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian