Димитриевски ќе бара пренамена на средствата за новогодишно украсување поради енергетската криза

1 min read

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ќе побара од Советот да ги пренамени средствата за новогодишно украсување за реализација на енергетско-ефикасен проект, соопштија денеска од општина Куманово.

Изминативе години Куманово одвојуваше од два до два и пол милиони денари за празнично украсување на градот.

– Оваа година поради енергетската криза, на првата седница на Советот веднаш по конститутивната седница ќе дадам предлог до Советот да донесе одлука финансиските средства кои се наменети за украсување на градот Куманово во износ од околу два и пол милиони денари да се пренаменат во реализација на енергетско ефикасен проект за имплементација на проект фотоволтаични панели и изолација на објект од јавен карактер, на територија на општина Куманово. Со ова, ќе се намали потрошувачка на електрична енергија и дополнително ќе се даде придонес во контекст на енергетската криза којашто се најавува-информираа од општината.

И лани, поради пандемијата Советот на општина Куманово одлучи да пренамени средства и преку ребаланс на општинскиот буџет, средствата предвидени за украсување, за огномети, концерти ги пренамени за набавка на таблети и други потребни материјали за следење на онлајн наставата, таблети за ученици и паметни табли за училиштата.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Руски канибал осуден на смртна казна, убивал луѓе, а нивното месо го јадел со вотка

Следно

Еурофарм Пелистер против АЕК Атина оди по прв европски триумф

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian