Дигитализирани дела од композиторот Љубомир Бранѓолица

1 min read

„Дигитализација и архивирање на партитурите од творештвото на композиторот Љубомир Бранѓолица“ е насловот на проектот што содржи 153 дела со сериозна музика и претставува само дел од творештвото на еден од најплодните македонски композитори. Автор на проектот со кој ќе бидат дигитализирани и другите дела од Љубомир Бранѓолица е Андреј Блажевски.

Дигитализираниот материјал е даден на Сојузот на композиторите на Македонија, на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и  на Архивот на МАНУ. Поголем дел од творештвото ќе биде прикачено онлајн и може да се најде на интернет-платформата ИССУУ (ISSUU) или директно на следниов линк: (https://issuu.com/andrejblazevski1).

Проектот е поддржан од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година.

http://kultura.gov.mk/

Претходно

ИМА 55 ГОДИНИ И ИЗГЛЕДА КАКО ДЕВОЈКА: Хали Бери во прекрасен фустан! (ФОТО)

Следно

Руски канибал осуден со смртна казна, убивал луѓе, а нивното месо го јадел со вотка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian