ЦИК со конечни резултати од парламентарните избори во Бугарија – победник е „Промените продолжуваат”

1 min read

Лево-центристичката коалиција, предводена од двајцата поранешни министри во преодната бугарска Влада, Кирил Петков и Асен Василев, „Промените пшродолжуваат”, е победникот на предвремените парламентарни избори, покажуваат конечните резултати на Централната изборна комисија по обработени 100 отсто од изборните протоколи.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, за „ПП” гласале 25,67 отсто од гласачите, ГЕРБ е втора со 22,74 отсто, а ДПС доби 13,00 отсто, додека БСП останува четврта со 10,21 отсто од гласовите. „Има таков народ” е на петтото место со 9,52 отсто од гласовите, а во новоизбраното 47. Народно собрание влегуваат уште две партии – „Демократска Бугарија” со 6,37 отсто и „Преродба” со 4,86 отсто од глчасовите.

На претседателските избори прв по првиот круг од гласањето со 49,41 отсто од гласовите е актуелниот шеф на државата, Румен Радев. Независната претседателска двојка Анастас Герџиков и Невјана Митева, поддржани од ГЕРБ-ДПС е на второ место со 22,82 отсто, што значи дека ќе се појават во вториот круг в недела на 21 ноември.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кошаркарите на Пелистер остануваат перфектни во Првата лига

Следно

Почина актерот Хит Фримен на 41-годишна возраст, познат како Хауард Епс од серијата „Bones“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian