Беретини се откажа, Синер влета на завршниот мастерс

1 min read

Италијанскиот тенисер Матео Беретини и официјално се откажа од настапите на завршниот мастерс турнир кој се игра во Торино поради повреда на стомачните мускули. На негово место, шанса доби првата резерва, Јаник Синер.

Беретини се повреди на мечот од првото коло против Александер Зверев. На почетокот од вториот сет, Италијанецот мораше да го предаде мечот и оттогаш се поставуваше прањето дали ќе биде во состојба да ги продолжи настапите во Торино.

Сега пристигна конечна потврда, 25-годишниот Беретини се откажа од завршниот мастерс и неговото место го зазеде Синер. Младиот итлаијански тенисер кој моментно е на 11 место на АТП ранг-листата, уште вечерва ќе се се појави на теренот, тој од 21 часот ќе игра против Хуберт Хуркач.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Филипче: Невакцинираните сега најмногу го оптоваруваат болничкиот систем

Следно

Додик: Република Српска нема план за отцепување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian