Бабиќ е задоволен од победата во Атина: Одигравме перфектен натпревар

1 min read

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Атина ја остварија првата победа во ЕХФ Европската лига откако со 27:30 славеа на гостувањето кај АЕК.

Битолчани по три кола имаат по една победа, пораз и реми, а тренерот Жељко Бабиќ е задоволен од прикажаната игра против АЕК.

– Игравме перфектен натпревар. Одигравме одлична одбрана и брз контра напад. Момците завршија голема работа, горд сум на нив. Игравме одлично и завршивме голема работа. Не го гледав натпреварот на АЕК против Олимпијакос, но детално ги проучивме нивните адути со кои ги победија Татабања и Ним. Можеби малку изменив, игравме човек на човек врз нивниот најдобар ракометар и добро го неутрализиравме. Задоволство беше да се игра во Грција – вели Бабиќ.

Јосип Периќ беше најдобар стрелец во редовите на Еурофарм Пелистер.
– Бевме многу добро подготвени за овој натпревар, од тренерот до секој човек во клубот. Секој детаљ го имавме аналзиравме и не се изненандивме како игра АЕК. Сакам да го потенцирам тимскиот дух на екипата, нашиот голман Секељи беше извонреден. Уживавме, лесно е да се игра во таков налет. Горд и среќен сум како игравме вечерва.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нов лажен профил на Фејсбук со името на Првата дама, се лажат граѓаните со „донации“ од 5.000 евра

Следно

ЦИК со конечни резултати од парламентарните избори во Бугарија – победник е „Промените продолжуваат“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian