Џамбаски се жали: Петков ќе ја предаде Бугарија во македонскиот спор

1 min read

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски вели дека новата бугарска Влада ќе ја предаде Бугарија. Тој тврди дека претседателот на партијата „Промените продолжуваат“, Кирил Петков не ги ни споменува националните идеи, а плановите за Скопје се состојат само во „сè да се завитка во убаво пакување, кое нема врска со реалноста“.

– Очигледно е дека најважното прашање за тие луѓе е воздушниот сообраќај меѓу Скопје и Софија. Нема збор за цврста заштита на бугарските национални интереси, ниту предлог за сурово присвојување на историјата и секојдневно кршење на човековите права, вели Џамбаски.

Неодамна, Кирил Петков, коментирајќи ги бугарско-македонските односи, изјави дека не треба да се урне целиот процес на добрососедството со Северна Македонија и тие да бидат примени во ЕУ само врз база на еден критериум – историјата.

Тој повтори дека за решавање на прашањето потребно е да се направат правилни работни групи во кои, освен историчари, ќе влезат луѓе од бизнисот, културата, инфраструктурата.

– Ако не се излезе со тимовите кои ги знаат и предностите и проблематичните точки, нема како да се дојде до крајното решение, рече Петков, изразувајќи уверување дека нема да има проблем со коалициските партнери по прашањето со Северна Македонија.

Според него, најлоша варијанта би било темата Македонија да се користи за политички пароли и цели.

– Ништо во овој живот не се прави со пароли, туку со работа, а за тоа е потребен тим, вели тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонија ги дозна сите можни противници во баражот за Мундијалот во Катар

Следно

Близначки со разлика од 35 години: Каја Гербер и Синди Крафорд оставија без зборови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian