Зидан ја одбил понудата на Јунајтед?

1 min read

Зинедин Зидан нема намера наскоро да седне на клупата на Манчестер јунајтед.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо експресно ги демантира шпекулациите на англиските медиуми и истакна дека Зидан воопшто не размислува за клупата на Манчестер јунајтед.

Новинарот Романо тврди дека Зидан не сака да презема екипа среде сезона, туку сака тој да ги одработи подготовките, но во исто време и не брза да се врати на тренерската професија.
Моменто Французинот одмора од фудбалот откако по завршувањето на минатата сезона ја напушти клупата на Реал Мадрид.

Зинедин Зидан исто така се поврзуваше и со клупата на ПСЖ чии челници не се презадоволни од работата на Маурисио Покетино, но исто се поврзува и со репрезентатицијата на Франција.

Француските медиуми се убедени дека Зидан ќе го наследи Дидие Дешан на селекторската функција по Светското првенство во Катар кое ќе се одржи идната година.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се зголемува одѕивот на гласачите во Дебар

Следно

Ретро и винтиџ – која е разликата?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian