Во Русија цел месец секој ден по над 30.000 новозаразени со ковид-19

1 min read

Во последните 24 часа, бројот на новозаразени со коронавирусот во Русија е 38.823, а во последниот месец бројот на нови потврдени случаи бил над 30.000 секој ден, соопшти денеска рускиот кризен штаб.

Вкупно 3.133 новозаразени со вирусот се регистрирани во Санкт Петербург, 2.955 во Московската област, 1.792 во областа Самара и 851 на Крим.

Во моментов во Русија има 1.030.703 активни случаи на Ковид-19.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕКСКЛУЗИВНО | Срѓан Марјановиќ: Никогаш не ја бркав славата, искрено сакав да правам музика за себе, не за другите

Следно

ГРП: Северна Македонија е најмалку корумпирана меѓу земјите од Западен Балкан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian