Во Дебар затворени гласачките места

1 min read

Во Дебар заврши гласањето во вториот круг од локалните избори каде во трката за градоначаник се Хекуран Дука од ДУИ, поддржан од СДСМ со коалицијата и Беким Поцеста од Алијансата за Албанците/Алтернатива, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Општинската изборна комисија до 18:30 часот, правото на глас го оствариле 8.534 граѓани или 44,46 отсто од вкупно запишаните 19.211.

Кандидатот за градоначалник Дука го оствари правото на глас на гласачкото место 0537 во општинското основно училиште „Саит Најдени”.

– На најдемократски начин го избираме патот на напредокот, ЕУ, САД, НАТО. Дебар со ДУИ е во најсигурни раце. Со масовната поддршка што ќе ни ја дадат граѓаните, продолжуваме со успешните проекти за доброто на општината и на неговите граѓани, напиша попладнево Дука на „Фејсбук”.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дванаесетгодишно момче загина правејќи „селфи“, полицијата вели: таткото го турнал

Следно

ВИДЕО: Како се слави во соблекувалната на фудбалерите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian