ВИДЕО: Талибанците парадираа низ Кабул со американското оружје

1 min read

Талибанските сили денеска одржаа воена парада во Кабул, прикажувајќи ги запленетите американските оклопни возила и руските хеликоптери.

– Парадата е организирана по повод завршувањето на обуката на 250 војници, изјави портпаролот на авганистанското Министерство за одбрана, Енаиатулах Хваразми.

Воена парада на Талибанците во Кабул / 14 ноември 2021 / фото: Радио Пакистан/Твитер

На парадата беа прикажани десетина американски оклопни возила М117 и руски хеликоптери МИ-17. Голем број војници носеа пушки М-4 од американско производство.

Талибанските власти соопштија дека пилоти, механичари и други експерти од поранешната авганистанска национална армија ќе бидат интегрирани во новите сили, кои исто така почнаа да носат конвенционални воени униформи наместо традиционалната авганистанска облека што вообичаено ја носат нивните борци.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Збунувачка слика на кралскиот балкон: Кејт Мидлтон го зазема местото на Кралицата?!

Следно

Вучиќ му направи чест на Ѓорге Иванов, одржа предавање на неговата Школа за млади лидери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian