ВИДЕО: И Шпанија со мундијалска виза

1 min read

Репрезентацијата на Шпанија стана осмата европска репрезентација која обезбеди пласман на Светското првенство во Катар кое ќе се игра идната година.

Во директната пресметка со Шведска за првото место во групата Б, „црвената фурија“ славеше со минимални 1:0 и со 19 бода го освои првото место.

Човек на одлука беше Алваро Мората кој единствениот гол го постигна во 86 минута по асистенцијата на Дани Олмо.

Покрај Шпанија, пласман на Мундијалот во Катар од европските селекции обезбедија уште и Србија, Франција, Белгија, Данска, Хрватска, Англија и Германија.


 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Пеколниот“ Саша Мишиќ во посета на Скопје: Ако сакаш да го вкусиш Балканот, дојди во Скопје, тука има сè!

Следно

Драма во Босна: Убиено дете, убиецот држи заложник и фрла бомби кон полицијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian