Селекцијата на Хрватска во одлучувачкиот натпревар за првото место во групата Х со 1:0 ја совлада Русија и обезбеди пласман на Светското првенство кое идната година ќе се игра во Катар.
За „коцкестите“ само победата беше опција на натпреварот кој се играше во Сплит, доминираа на теренот, имаа иницијатива и шанси како таа на Пашалиќ кога не погоди од пет метри, но единствениот гол го постигна рускиот репрезентативец Федор Кудријашов во 79 минута кој неспретно реагираше и го совлада сопствениот голман.
Со победата над Русија, Хрватска го освои првото место во групата со 23 бода, еден повеќе од Русија која мундијалската виза ќе мора да ја вади преку баражот.
Во останатите два натпревари од групата Х, Словенија го совлада Кипар со 2:1 и тоа благодарение на головите на Зајц во 46 и Гнезда во 84 минута, додека Какулис погоди за гостинската репрезентација.
Словачка како убедливи 0:6 ја победи Малта и на крајот заврши на третото место на табелата.