Тежок пораз на Самоопределување на изборите во Косово, партијата на Курти ја загуби и Приштина

1 min read

Кандидатот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ДСК), Прпарим Рама, победи на изборите за градоначалник на Приштина, освојувајќи 51,07 отсто од гласовите, додека неговиот ривал од владејачкото Движење Самоопределување на премиерот Албин Курти, Арбен Витија, освои 48,93 отсто, јавуваат локалните медиуми, цитирајќи ја Централната изборна комисија на Косово.

Кандидатите на Самоопределување загубија и во Ѓаковица, Фуш Косова (Косово Поле), Кастриот (Обилиќ), Качаник и во Призрен, а победија во Каменица и Гњилане, соопшти Комисијата врз основа на 100 отсто преброени гласови.

Претседателот на ДСК, Љумир Абдиџику, вечерва прогласи победа во трката за градоначалник на Приштина, ветувајќи дека ќе биде градоначалник на сите граѓани. Неговата партија освои градоначалнички места и во Исток, Косово Поле и Јуник.

Опозициската централно-десничарска Демократска партија на Косово, заедно со ДСК и Алијансата за иднината на Косово, освоија вкупно 21 градоначалничко место.

Српската листа, која го застапува српското малцинство во Косово, победи во сите десет општини на северот од земјата во кои имаше кандидати, а во девет од нив доби градоначалници уште по првиот круг.

Тешкиот пораз на владејачкото Самоопределување може да има негативно влијание врз „севкупниот легитимитет на партијата и на владата“, изјави политичкиот аналитичар Дукаѓин Горани за Асошиејтед прес.

„Може да се очекуваат и предвремени парламентарни избори следната година“, вели тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Селекцијата на БиХ е преголем залак за кошаркарките

Следно

ВИДЕО: Веројатниот нов бугарски премиер Петков најавува нов пристап кон македонското прашање

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian