Се зголемува одѕивот на гласачите во Дебар

1 min read

Во попладневните часови се зголемува процентот на излезност на гласањето на денешниот втор круг за градоначалник на Дебар.

Според Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија до 15 часот правото на глас го оствариле 29 отсто од вкупниот број запишани во единствениот избирачки список, што е за четири проценти повеќе од првиот изборен круг.

-Од вкупно запишаните 19.211 гласачи правото го оставриле 5.561 граѓани или 29 отсто, што е четири проценти повеќе споредено со првиот круг. Тогаш до 15 часот правото на глас го остварија 4.784 или 25 отсто, изјави Хаса за МИА.

Додаде дека до сега поднесени се девет приговори за заштита на личното избирачко право и тие се прифатени.

Според него, членови на ОИК вршат редовно обиколки на избирачките места со цел увид во работата на избирачките одбори.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Навреда, ривалски потег или само инает: Лејди Гага носеше „Haus of Versace“ фустан на премиерата на „House of Gucci“ во Милано

Следно

Зидан ја одбил понудата на Јунајтед?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian