Ретро и винтиџ – која е разликата?

4 mins read

Винтиџ облека е многу повеќе од стара користена облека… тоа е историјата, уметноста, приказните на оние што живееле пред нас. Таа се смета за оригинална и автентична во однос на инспирацијата и дизајнот. Но, дали знаете која е разликата меѓу винтиџ и ретро?

Се чини дека понудата на антички, винтиџ и ретро мебел, декор, облека и други ситници никогаш не била поголема. Од супермаркети, специјализирани продавници, пазари на старо до онлајн продажба, старите нешта се вистински хит.

винтиџ
Фото: Пиксабеј

Што е винтиџ ?

Многумина мислат дека винтиџ е само „фенси“, измислено име за користена, половна облека. Разликата, сепак, е голема. Нешто како олдтајмери ​​и половни автомобили.

Винтиџ е термин позајмен од терминологијата на виното. Првично на француски, а подоцна пренесено на англиски, ја означуваше годината кога се произведува виното (обично висококвалитетно вино), година на берба. Општо земено, можеме да кажеме дека винтиџ означува предмети од минатото, со висок квалитет и потрајна вредност.

винтиџ
Фото: Пиксабеј

Што е тоа винтиџ облека?

Во последните 20 години, терминот се користи и во модата, означувајќи облека што датира од минатите периоди, од 1920 -тите до 1980 -тите, додека облеката произведена пред 1920 -тите се смета за антиквитентна.

Предметите произведени во тие, дамнешни времиња, се создавани со многу љубов, со неверојатно внимание на деталите, од многу квалитетни материјали, често пати рачно … тогаш е создавано за да трае.

Од терминот винтиџ, нужно е да се разликува терминот „ретро“, скратен од „ретроспектива“. Ретро облеката е облека од понов датум на производство, инспирирана од винтиџ стил. Иако верно следи некој стил од минатото, ретро облеката ја нема онаа историска и романтична вредност на винтиџ облека, често пати ниту тој квалитет на материјалот и изработката.

Ретро е ​​кратеница од „ретроспектива“. Зборот потекнува од латинскиот збор „retrospectus“ што значи „наназад“. Во однос на возраста, ретро облеката е понова. Зборот исто така се користи како термин за да се опише улична облека од 1960-1970 година.

винтиџ
Фото: Пиксабеј

Вредноста на винтиџ облеката

Неискористените винтиџ парчиња имаат најголема вредност, особено ако се уште уште ја имаат оригиналната етикета. Ваквите парчиња се вистинска реткост, а особено ги ценат вистинските познавачи и љубители на винтиџ стилот.

За денешната популарност на винтиџ стилот во многу придонесоа познати актерки и топ модели уште во 1990-тите, кога почнаа да се облекуваат во  продавници за носена облека, како и бројните холивудски филмови кои ги поставија нивните дејствија во одредени децении од минатиот век.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lovely (@lovely.mua)

Бидејќи порано се претпочиташе повеќе квалитетот отколку квантитетот, немаше масовно производство како што е ова денес и многу повеќе се шиеше рачно, така што секое винтејџ парче зачувано до денес е уникатен и идеален избор ако сакате да се истакнете во толпата.

„Ретро“ и „винтиџ“ се две описни ознаки за стилови и облека. Покрај тоа, овие два збора може да се применат и на други дизајнирани објекти. Што се однесува до облеката и модата, „винтиџ“ ставка е парче облека направено помеѓу 1920 -тите и 1980 -тите години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VINTAGE FASHION (@vintagefashion)

 

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зидан ја одбил понудата на Јунајтед?

Следно

Кралските снаи одржуваат фигура со смути – Меган од акаи, Кејт – од спанаќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian