Павле Трајанов за софиски „дневник“: Македонскиот устав не може да се менува без реципроцитет од бугарска страна

1 min read

Македонија ќе прифати измени на сопствениот Устав, само доколку се додаде македонското малцинство во бугарскиот Устав”, изјави Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, за софиски „Дневник”, во текстот под наслов „Новиот пристап на Софија кон Скопје е патека во „вистинска насока”, но со опасни свиоци”.

На прашањето – како ќе гласа во Парламентот доколку се постави барањето за вметнување на Бугарите во Уставот, Павле Трајанов е дециден дека тоа е можно само со реципроцитет.

Без оглед на фактот дека бугарскиот Устав не предвидува можност за признавање на малцинства, лидерот на ДС смета дека ова прашање може да се реши само со рамноправен пристап на двете страни.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Австралија наскоро ќе вакцинира и деца под 12 години

Следно

ВИДЕО: Мајами го доби дербито со Јута, Филаделфија реди порази

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian