Нема однапред да повлекуваме црвени линии, вели првата бугарска социјалистка пред преговорите за нова влада

1 min read

Малиот одѕив на изборите е многу силно ѕвоно за сите граѓани на Бугарија, како и за недовербата и апатијата. Ова е проблем за сите нас, изјави лидерката на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова на брифингот по денешните парламентарни избори во Бугарија.

Според неа, тешкото почнува од утре. Таа откри дека партијата ќе отворена за дијалог, но предупреди дека додека ќе се водат преговорите, нема да има време да се усвои буџетот за 2022 година.

Нинова истакна и дека БСП ќе вложи огромни напори во однос на политиките за здравството и за енергетиката.

За неа, на прво место се програмите и политиките на партиите кои ќе бидат повикани на разговори.

Таа додаде дека 92 отсто од членовите на БСП го поддржале Румен Радев за втор мандат како претседател на Бугарија.

– Мислам дека тоа му донесе позитивен резултат, рече Нинова.

Таа додаде дека БСП не разговарала за нејзина оставка по освоеното четврто место на парламентарните избори.

Според Нинова дополнително ќе се разговара во партијата за евентуалните коалициски партнери на БСП и оти нема потреба предвреме да се цртаат црвени линии.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ангеловски им честита на фудбалерите: Повторно ја направивте Македонија горда

Следно

„Пеколниот“ Саша Мишиќ во посета на Скопје: Ако сакаш да го вкусиш Балканот, дојди во Скопје, тука има сè!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian