На СП и ЕП ќе играат само вакцинирани ракометари и ракометарки

1 min read

Светската ракометна федерација (ИХФ) и Европската ракометна федерација (ЕХФ) размислуваат да воведат правило на женското светско првенство во Шпанија, како и на машкото ЕП во Словачка и Унгариј, да играат само вакцинирани ракометари и ракометарки.

Причината за ваквото размислување на челниците на ИФХ и ЕХФ, е тешката епидемиолошка ситуација во Европа, поради што сакаат сите играчи и членови на стручниот штаб да бидат вакцинирани против коронавирус.

– Точно е дека се размислува за задолжителна вакцинација. Мислам дека тоа е единствено решение кое ќе ги заштити сите учесници – изјави претседателот на Германската ракометна федерација, Уве Швенкер.

За очекување е оваа одлука да биде официјализирана во наредните неколку денови. Женското светско првенство ќе се одржи од 1 до 19 декември во Шпанија, додека Европското првенство во машка конкуренција на кое ќе настапи и Македонија ќе се одржи од 14 до 30 јануири идната година.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Петровска: Нов скандал за нелегално финансирање на партија, дали во него се вмешани и лица блиски до Мицкоски?

Следно

Галуп: До 11 часот излезноста на изборите во Бугарија е 10 отсто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian