Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 18 часот против Исланд игра за нов историски успех и пласман во баражот за СП во Катар, и селекторот Благоја Милевски нема многу да менува во составот.
Од имињата, ќе има само една промена, во тимот се враќа капитенот Стефан Ристовски кој поради жолти картони не играше против Ерменија, а Ашковски ќе се пресели на клупата за резервни играчи.
Ристовски се враќа на десната бековска позиција, а се очекува на левата страна да биде Езџјан Алиоски, додека централни дефанзивци ќе бидат Дарко Велковски и Висар Муслиу како последен бедем пред голот на Столе Димитриевски.
Во средниот ред не би требало да има проблеми, Барди, Костатидинов и Елмас ќе ја контролираат играта во средината, додека во нападот се очекува да играаат Трајковски, Чурлинов и Милан Ристовски.