Милевски: Овие фудбалери имаат потенцијал за поголеми работи 

3 mins read

Благоја Милевски летово седна на селекторското столче кое пред него му припаѓаше на Игор Ангеловски кој пак го оствари најголемиот успех, ја однесе репрезентацијата на Македонија на Европско првенство, и по само четири месеци покажа зошто ја доби довербата.

Фудбалската репрезентација на Македонија го освои второто место во групата Ј во квалификациите за СП 2022 година и обезбеди бараж за Мундијалот во Катар.

Милевски на прес-конференцијата по натпреварот со Исланд, не заборави да им се заблагодари на поранешниот селектор Ангеловски, како и на фудбалерите кои сега не се дел од репрезентацијата.

– Би сакал да се навратам малку наназад, да се заблагодарам на сите што се заслужни за овој успех, тука мислам на мојот претходник, и сите играчи кои беа дел, а веќе не се во репрезентација. Честитки до играчите, до момците, што и да се каже во моментов е малку не само на денешниот меч, туки и на сите натпревари во циклусот. Го очекував ова. Не би се занимавал со оваа работа, доколку не очекувам да бидеме успешни, да имаме успешна соработка со момците – вели Милевски.

Селекторот изјави дека и по примениот гол, не се посомневал во своите фудбалери.
– Искрено во тој момент не се сомневав дека ќе направиме се да се вратиме во мечот, особено што од една случајна ситуација примивме гол. Се радувам, и работевме на тој психолошки момент. Од тоа што ни се случи со Исланд на гости многу научивме и мислам дека таков момент нема да имаме во иднина. Бевме подготвени на секакво сценарио. Ни ја олесни работата тој брз гол бидејќи е поинаку да стартувате со 1:0. Исланд е сериозна репрезентација, играчи кои имаат потенцијал и тоа го покажаа на сите натпревари и бевме свесни дека мораме да бидеме концентрирани до крајот на мечот. Дали ќе постигнавме тој гол порано или подоцна, ние не сменивме ништо во нашата игра – смета Милевски кој додаде дека пред него и фудбалерите претстои уште многу работа.

Имаме уште доста работа до она ниво до кое сакам да стигнеме. Мислам дека овие момци имаат потенцијал да достигнат уште многу. Работевме многу да формираме тимска игра, и мислам дека се виде тој момент дека функционираме како тим и како екипа и сите се ставени во функција на тоа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Цветна оаза во село Спанчево, љубовта и одморот на Анка: Сопругот ми носи цвеќиња од секаде каде што ќе отиде!

Следно

Косово: Нов лош резултат на Курти на локалните избори?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian