Косово: Нов лош резултат на Курти на локалните избори?

1 min read

Владејачкото Движење Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти ќе има нов слаб резултат на локалните избори во земјата, откако пред две недели во првиот круг од гласањето партијата не успеа да освои ниту едно градоначалничко место, јавуваат локалните медиуми.

Владејачката партија, според првичните информации, ја загуби борбата за градски татко во Ѓаковица, каде во големо водство е опозицискиот кандидат Адријан Ѓини.

Исто така, медиумите јавуваат дека Самоопределување лошо котира во Призрен, додека голема битка се води за главниот косовски град, Приштина.

Околу 38 отсто од гласачите гласале на вториот круг од локалните избори, покажуваат податоците на Централната изборна комисија. Вториот круг на гласањето се одржуваше во 21 од вкупно 38 локални административни единици, на колку што е поделено државата. На првиот круг од изворите, кој се одржа на 17 октомври, беа избрани 17 градоначалници.

Право на глас во општините во кои имаше втор круг имаа вкупно 1.260.571 граѓанин, што е 66,85 отсто од запишаните гласачи на ниво на цело Косово, а се гласаше во 575 изборни центри со 1.638 избирачки места. Избирачките кои се надвор од Косово имаа две недели на располагање да го искористат своето право на глас во вториот круг.

Косовската полиција соопшти дека примила 21 пријава во врска со изборниот процес, а обвинителството реагирало во три случаи.

Воглавно неизвесно во вториот круг на локалните избори во Косово, гласањето помина мирно

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Милевски: Овие фудбалери имаат потенцијал за поголеми работи 

Следно

Дац и Александар ја промовираа новата песна „Душа бакшиш“, продолжение на хитот „Уште ми фалиш“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian