Галуп: До 11 часот излезноста на изборите во Бугарија е 10 отсто

1 min read

Излезноста на изборите во Бугарија до 11 часот е околу 10 отсто, соопшти Галуп интернешнал Балкан.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, извршниот директор на „Галуп” Парван Симеонов за БНР изјави дека во однос на претходните две гласања за пратеници на 4 април и 11 јули активноста е помала, но сè уште не може да се направат хипотези што ќе да биде до крајот на денот на изборите во 20 часот.

Во моментов активноста се движи на очекувани нивоа со слични вредности и на претседателските и парламентарните избори во Бугарија, потврди Симеонов.

– Активноста и на претседателското и на парламентарното гласање е речиси иста, додаде Парван Симеонов. Тој ја спореди излезноста на претседателските избори во Бугарија од 2016 година, велејќи дека резултатот е помал од тогаш.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

На СП и ЕП ќе играат само вакцинирани ракометари и ракометарки

Следно

ЕКСКЛУЗИВНО | Срѓан Марјановиќ: Никогаш не ја бркав славата, искрено сакав да правам музика за себе, не за другите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian