Фудбалерите играат за историја, против Исланд го прават последниот чекор кон баражот за СП

2 mins read

Фудбалската репрезентација на Македонија има голема шанса да испише нови страници во својата историјата по настапот на Евро 2020, доколку вечерва (18 часот) го совлада Исланд.

Со триумф над Исланд во последното квалификациско коло, Македонија ќе го завери второто место на табелата во групата Ј и за прв пат во историјата ќе игра во баражот за пласман на Светското првенство кое идната година ќе се одржи во Катар.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски во вечерашниот натпревар пред полната Национална Арена „Тодор Проески“  влегуваат со 15 бодови, еден повеќе од Романија и сами си ја кројат својата судбина. Победа над Исланд ги носи во баражот за пласман на СП, додека секој друг резултат ги романците во игра кои во послдното коло му гостуваат на аутсајдерот во групата Ј, Лихтенштајн.

– Овој натпревар со Исланд ни е последен во квалификациите и секако зависи околу остварувањето на целите. Но, се подготвуваме како за сите претходни натпревари кои исто така беа важни. Оваа шанса да се најдеме во баражот за СП не носи притисок кај играчите, туку дополнително мотивира. Со „ладни глави“, но и жешки срца се надеваме дека со триумф ќе ги израдуваме навивачите кои посакувам да ги има во што поголем број на трибините. Не чувствуваме никаков притисок, подобро да одлучуваш сам, отколку да се чека од друг – вели селекторот Благоја Милевски.

Составот ќе претрпи една промена, во првиот тим се враќа капитенот Стефан Ристовски кој поради жолти картони не играше против Ерменија, а Костадинов ќе седне на клупата.

– Судбината е во наши раце, се надеваме дека пред македонската публика ќе успееме да дојдеме до таа посакувана победа. Исланд е тука да игра фудбал, имаат одлични индивидуалци кои играат во одлични клубови, знаеме за каква репрезентација станува збор, но подготвени сме – смета капитенот Ристовски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петличковски: Ги оправдувам рестрикциите за невакцинирани

Следно

Лесно се прави грешка: Дали знаете која е разликата помеѓу дехидрирана и сува кожа?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian