До 11 часот на изборите во Дебар 8,2 отсто излезност

1 min read

Гласањето во вториот круг за избор на градоначалник на општина Дебар се одвива тековно, без проблеми, со зголемена излезност на гласачите споредено со првиот круг.

– Изборниот ден минува без проблеми. Излезноста се зголемува, така што правото на глас (до 11 часот) го имаат остварено 1.578 граѓани или 8,2 проценти од вкупното гласачко тело. Во првиот круг, до 11 часот гласаа 1.293 лица, изјави потпретседателка на Општинската изборна комисија – Дебар, Јованка Јосифовска.

До 11 часот, како што соопшти Државната изборна комисија, поднесени се два приговора за заштита на личното избирачко право и двата се прифатени.

Во оваа Општина во единствениот избирачки список се запишани се 19.211 лица со право на глас или 805 повеќе споредено со последните локални избори во 2017 година. Се гласа на 27 гласачки места.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Инвазија на скорпии на југот во Египет: Повредени над 500 лица, тројца загинаа

Следно

Можен состав: Ристовски се враќа во тимот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian