Дац и Александар ја промовираа новата песна „Душа бакшиш“, продолжение на хитот „Уште ми фалиш“

1 min read

Популарното музичко дуо Дац и Александар денеска на социјалните мрежи и на својот јутјуб-канал ја промовира својата нова авторска песна, „Душа бакшиш“, боемска балада за сите генерации. Актерот Драган Спасов и кантавторот и продуцент Александар Митевски, на двегодишнината од нивното постоење како музичко дуо, на своите фанови им подаруваат нова песна проследена со видеоспот.

Според зборовите на Дац и Александар, оваа балада е продолжение на приказната на хитот „Уште ми фалиш“, која ја отпеаја на „Макфест“ пред две години, која веднаш влезе во срцето на публиката во земјава и пошироко.

Слушнете како звучи „Душа бакшиш“:

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Косово: Нов лош резултат на Курти на локалните избори?

Следно

ДУИ прогласи победа на изборите за градоначалник во Дебар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian