Цветна оаза во село Спанчево, љубовта и одморот на Анка: Сопругот ми носи цвеќиња од секаде каде што ќе отиде!

2 mins read

Денес сме на гости кај Анка Тодосиева, сопруга, мајка на два сина и баба на еден внук. По професија е одделенски наставник, 30 години работи како наставник.

„Тоа е мојата професија која многу ја сакам. Ја засакав уште од малечка. Со другарките кога игравме, јас секогаш бев учителка“, нè воведува Анка во нејзината животна приказна.

Но паралелно со нејзината сакана професија, Анка ја негува и љубовта кон цвеќето и уредувањето на дворот. Вели дека секоја година ѝ е различна, зашто засадува различни цвеќиња.

анка градина
Фото: Приватна архива

„Уште во дворот на моите родители имаше премногу рози, кај нас ги нарекуваме трендафили. Јас се грижев за нив, ги наводнував, а татко ми ги окројуваше. Кога се омажив и таму имаше рози. Не беа окројувани и не беа правилно распоредени. По неколку години почнав да ги распоредувам, пресадувам и да ги окројувам. Имаше и повеќе шимшири. Големо задоволство ми претставуваше да ги кројам и да им давам разни форми.Имавме 14. Пред неколку години ги фати болест и не можевме да ги спасиме, сите се исушија“, ни открива Анка дел од нејзината цветна приказна.

Дворот се наоѓа во едно мало и живописно село, Спанчево, сместено среде Кочанската долина. Дворот се простира на околу еден декар површина. Од дворот надолу се протега и зеленчукова градина од неколку ари. Во неа Анка и сопругот одгледуваат зеленчук за нивни потреби. Во зеленчуковата градина ѝ помага колку може и свекорот.

Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА

Извор: Еспресо.мк

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Галуп: Партијата „Промената продолжува“ освои 25,7 отсто, а ГЕРБ-УДФ – 23,5 проценти на изборите во Бугарија

Следно

Милевски: Овие фудбалери имаат потенцијал за поголеми работи 

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian