Бизарен случај на изборите: Бугарка го изџвакала и го голтнала гласачкото ливче

1 min read

Жена го изџвакала и го голтала гласачкото ливче, наместо да го стави во гласачката кутија, соопшти Изборната комисија во Француската гимназија во Софија.

Како што јави дописникот на МИА од бугарскиот главен град, за Комисијата е необјасниво однесувањето на жената.

– Средовечната жена претходно не покажа никаков афект или несогласување со нешто, изјави претседателката на Комисијата, Снежина Колева.

Во изборниот протокол, Комисијата напишала дека жената го изела гласачкото ливче.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Сигурна игра на Македонија, уште 45 минути ги делат фудбалерите од баражот

Следно

Интервју со Милчо Манчевски: „Кајмак“ ќе изненади, шокира и засмејува меѓу солзи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian