ВИДЕО | Рама: Бугарија настапи со барања веднаш штом се вклучи зеленото светло на ЕУ за Албанија и за РС Македонија

1 min read

Шефот на албанската влада во интервју за француската национална телевизија Франс 24 вели дека Бугарија почнала да поставува барања веднаш штом се вклучило зеленото светло за Албанија и за Северна Македонија.

-Да, ние сме во многу апсурдна ситуација, да ви кажам право, затоа што во моментов Албанија е колатерална штета на конфликтна ситуација меѓу Бугарија и Северна Македонија, откако доби зелено светло не само од Комисијата, туку и од Европскиот совет. Бугарија извади од џеб барања од историски и идентитетски карактер кон Северна Македонија и процесот останува блокиран, бидејќи како што знаете, Европскиот совет лесно се блокира само со вето на една негова членка, вели Рама.

Во интервјуто за националната француска телевизија Франс24, албанскиот премиер зборуваше и за Отворен Балкан, за што вели дека вратата е отворена за сите балкански земји, без предуслови, но идејата е да не останеме жртва на нечие вето, туку да направиме нешто важно за луѓето, за регионот. Според Рама, тоа е тежок процес, бидејќи во исто време тоа е мировен процес.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Нека биде така и в недела, имаме две домашни победи против Исланѓаните

Следно

ФОТО | Малкумина го знаат: Ова е синот на Дорис Драговиќ поради кој стави точка на кариерата!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian