ВИДЕО: Норвешкото фијаско предизвика делириум во Турција

1 min read

Се одиграа уште два натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство, во рамките од групата „Г“, Норвешка неочекувано дома само ремизираше 0:0 со Летонија, а Турција го искористи тоа и славеше убедливо со 6:0 над Гибралтар.

На стадионот во Истанбул Турците дојдоа до триумфот со двата голови на Дервишоглу, и по еден на Актуркоглу, Демирал, Дурсун и Мулдур.

Моментно на табелата во групата води Холандија со 19 бодови која својот меч ќе го има вечерва на гостински терен против Црна Гора.

Следува Турција на второто место со 18 бодови, колку што имаат и Норвежаните на третата позиција. Четвртопласирана е Црна Гора со 11 бодови, Летонија шест, а Гибралтар на дното без бодови.

Во своите последни мечеви на 16 ноември Турција гостува кај Црна Гора, а Норвежаните кај Холанѓаните.

ВИДЕО: Босанците без шанси за бараж, и Финска сонува Мундијал

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Светски ден на дијабетесот: Општеството да ги ангажира сите ресурси во справување со болеста

Следно

Цветни имиња за вашето бебенце: Од каде потекнуваат и какво е нивното значење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian