ВИДЕО: Најдобрите 10 голови на Дани Алвеш за Барса

1 min read

И официјално клупската легенда Дани Алвеш се врати во редовите на Барселона и ќе се обиде со своите игри да помогне тимот да се врати на вистинскиот пат.

После доаѓањето на Чави на тренерската клупа, 38-годишниот Бразилец Алвеш се согласи до крајот на сезоната да ги брани боите на каталонскиот гигант.

Претходно од летото 2008 година го носеше дресот на Барса после пет одлични сезони во редовите на Севиља.

Севкупно за Барселона имаше 391 официјален настап со 23 голови. Иако неговата улога е во одбраната, знае да придонесе и во нападот.

Со екипата успеа шестпати да ја освои шпанската „Ла Лига“, четирипати „Копа дел Реј“, по трипати шпанскиот Суперкуп, Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и ФИФА Светското клупско првенство.

На следниот линк ТУКА можете погледнете ги најдобрите 10 голови на Алвеш во дресот на Барса.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Спасовски: Проблемот со мигрантите бара цврста одлучност со заеднички активности

Следно

Лесно, вкусно и посно, но со мал нов трик: Полнети пиперки со ореви

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian