ВИДЕО: Холандија може да остане без пласман на Светското првенство

1 min read

Вечерва во Подгорица до самиот финиш Холандија го имаше „билетот“ за настап на следниот Мундијал, до 82 минута водеше со 0:2, но го испушти водството.

Водеа „лалињата“ со головите на Депај во 25 и 54 минута, но Црногорците стигнаа до реми кое го обезбедија за четири минути преку Вукотиќ и Вујновиќ.

Норвежаните после киксот дома против Летонија (0:0) повторно се враќаат во игра и во последното коло имаат шанса како гости кај Холандија да го надополнат тоа што го пропуштија.

Турците исто така се во одлична позиција да се најдат директно на СП. Со гостинска победа против Црна Гора и триумф на Норвешка против Холандија, Турција може да го обезбеди првото место во квалификациската група „Г“.

На едно коло до крајот Холандија има 20 бодови, Турција и Норвешка имаат по 18, Црна Гора која ги загуби шансите е четвртопласирана со 12.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Полициските синдикати се обединија на протест: Бараат ослободителна пресуда за колегата

Следно

Љубовта е повеќе од инстинкт: Ова се трите теории за љубовта на големиот Фројд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian