Спасовски: Проблемот со мигрантите бара цврста одлучност со заеднички активности

1 min read

Проблемот со мигрантите подразбира континуирано барање решенија на земјите за предизвиците кои ги носи миграцијата, но и цврста одлучност со заеднички активности да ги менаџираме овие миграциски текови, постојано изнаоѓајќи можности за унапредување на постојните форми на соработка во областа на безбедноста, како во регионот, така и пошироко, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната конференција на тема „Мигрантската криза и земјите од Балканско-Јадранскиот регион”, во организација на Меѓународната полициска асоцијација-ИПА во Република Северна Македонија.

На конференцијата присустваа и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, раководството на ИПА во земјава и гости од соседните земји, претставници на Фронтекс, Македонскиот полициски синдикат и Сојузот на синдикати на Македонија.

„Заедништвото и партнерството кое полициските службеници од Република Северна Македонија, заедно со нивните колеги од осумте европски земји го покажаа во текот на мигрантската криза на јужната граница, каде се случуваат и најголемиот број на обиди за илегално минување на границата, со цел да се стигне до западноевропските земји, се показател дека само со заеднички сили можеме да се справиме со сериозните миграциски предизвици. Оттука, длабоко верувам дека и Меѓународната полициска асоцијација, преку кредибилитетот што го има и својата веќе изградена мрежа, може во огромна мерка да придонесе за проширување на таквата соработка и изнаоѓање на нови модули за поддршка во напорите за справување не само со илегалната миграција, туку и со сите форми на криминал“, истакна Спасовски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Меркел апелираше до невакцинираните: Ве молам, размислете повторно

Следно

ВИДЕО: Најдобрите 10 голови на Дани Алвеш за Барса

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian