Што прави денеска – Сузана Турунџиева, ТВ-водителка

2 mins read

Како една од оние кои не сакаат да го трошат животот во спиење, јас сум вообичаено ранобудна и се трудам да го зграпчам секој нов ден што порано, (пред 7 часот) да му се изнарадувам на сонцето (ако го има). Но доколку го нема, јас си го визуелизирам и мене ми е сончево во мислите цело време.

Се трудам да си наметнам навика секое утро да повежбам, да се истегнам, барем по 15 минути, кои се многу значајни за активирање на секој мускул, превенција од болки во грбот, малку јога и медитација и веќе сум нов човек!

Морам да признаам дека страсно уживам во првото утринско кафе, кое секогаш го правам во XXL големина и полека, без брзање си го густирам, правејќи си „состанок“ со себе за тековните планови во претстојниот ден. Паралелно со кафето подготвувам смуди за сите и појадок за мојата ќерка Матеа, подготовки за во училиште и за на работа. Настојувам секогаш да ручам дома, со мајка ми и ќерка ми и многу ретко правам отстапка од овој наш долгогодишен ритуал.

Попладне ѝ помагам на Матеа околу училишните обврски, држам часови по пеење и клавир со моите омилени мали ученици, а навечер наоѓам време и за пријателите, со кои имаме иста „диоптрија“ и се трудам непрестано да ги поместувам границите и да ги зголемувам предизвиците, сѐ со цел заеднички да создаваме убави нешта и да ги разубавуваме животите на луѓето околу нас. Во денови кога кај нас е внукот Јаков, сите планови паѓаат во вода, бидејќи тој е главен, тој е нашето сонце и според него се раководиме сите, дури и кога имаме други приоритети.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ќе се уриваат спорните вили во Леуново, се чека само багерот

Следно

„ЈАС СУМ МЛАД ПУТИН“: КанЈЕ шокира со бизарна изјава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian