СДСМ: Максим Димитриевски деградирал од работни места 20 членови на партијата

1 min read

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, кој го освои вториот мандат како независен кандидат, деградирал 20 вработени во општината само затоа што се истакнати членови на СДСМ, обвини пратеникот Мартин Костовски денеска на прес-конференција.

Градоначалникот Димитриевски одговори дека станува збор за девет решенија како дел од процес на реорганизација на општинската администрација што е целосно согласно законот.

Костовски вели дека Димитриевски уште во првите денови на вториот мандат започнал со одмазда кон своите политички неистомисленици и над 20 вработени лица во Општина Куманово овие денови се распределени на пониски позиции или се преместени да работат на други работни места, пренесува СДК.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Цветни имиња за вашето бебенце: Од каде потекнуваат и какво е нивното значење

Следно

ВИДЕО: Нека биде така и в недела, имаме две домашни победи против Исланѓаните

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian