Сè е така розово: Парис Хилтон во розова венчаница славаше во забавен парк!

2 mins read

Како вистински се прославува венчавка во светот на најпознатите и најбогатите на светот? Кога станува збор за Парис Хилтон тоа ќе биде три дневна забава, забавен парк, и безброј венчални фустани.

Парис Хилтон и Картер Реум го кажаа судбоносното „да“, но церемонијата и прославата не е ништо што можеше да се претпостави… и кое сè уште трае и нè изненадува!

парис хилтон картер реум
Фото: Profimedia

Тоа е свадбена церемонија која се одржа на имот вреден 61.5 милиони долари, и „after“ забава која се одржа, верувале или не, во забавен парк!

Вториот ден од венчавката всушност беше вистинско пресликување на животот на дивата: Парис и Картер приредија карневал „Светот на Парис“ кој се одвиваше во затворениот парк во Санта Моника Пјер во Калифорнија прекриен со стотици црвени и розови балони.

парис хилтон венчавка
Фото: Принтскрин / Instagram

По повод забавата, на која присуствуваше семејството на Хилтон и нејзините познати пријателки, Парис облече розова венчаница која ја спари со високи чизми со платформа и вел во иста нијанса, и еден интересен детал – розови очила за сонце во форма на срце.

парис хилтон венчавка
Фото: Принтскрин / Instagram

Картер пак, носеше темно син комплет тренерки со качулка, и со розови пруги кои се надоврзузваа на аутфитот на неговата нова сопруга.

парис хилтон венчавка
Фото: Принтскрин / Instagram

Гостите на настанот ги пречека соба исполнета со слики и фигури од Парис каде можеа да си играат со – иронично или не – прстени.

парис хилтон венчавка
Фото: Принтскрин / Instagram

Потоа продолжуваа со забавувањето возејќи се на тркалото на кое светлечки беше испишано „Те сакам“ со срце додека седеа во количките покрај перничиња во форма на Парис, а за музиката се погрижи познатиот светски диџеј Дипло.

парис хилтон венчавка
Фото: Принтскрин / Instagram
парис хилтон венчавка
Фото: Принтскрин / Instagram
парис хилтон венчавка
Фото: Принтскрин / Instagram

Ѕвездата не изостави да покаже како се забавуваат, изјавувајќи прекрасни зборови за своите блиски и пријатели, додека сите изјавуваа дека тоа е „најдобриот викенд на сите времиња“.

„Го имам најзгодното семејство на светот“, извика Парис на една од објавите на социјалните мрежи.

парис хилтон венчавка
Фото: Принтскрин / Instagram

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мартин со пол-позицијата за Големата награда на Валенсија

Следно

Путин: Ако Белорусија ја стопира испораката на гас за Европа, тоа ќе наштети на односите Москва-Минск

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian