Перез удри по Ибрахимовиќ: Златан е само еден обичен силеџија

2 mins read

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез пред неколку години имаше желба да го ангажира Златан Ибрахимовиќ.

Првиот човек на „кралевите“ планираше во нападот да ги има Швеѓанецот и Кристијано Роналдо, но на крајот се откажа од неговото доведување и Ибра остана во ПСЖ.

Перез истакна дека очајно сакал да направи еден фантастичен тандем Ибрахимовиќ-Роналдо, но дека ароганцијата на Златан спречила сè.

– Навистина сакав да го доведам Златан Ибрахимовиќ додека играше за ПСЖ. Мислев дека тогаш беше на исто ниво како Кристијано Роналдо.

Сакав да го спојам со Роналдо со цел да ја спречиме доминацијата на Барселона во „Ла Лига“, но како што напредуваа преговорите сфатив дека она што му е важно се парите, а не освојувањето трофеи – рече Перез.

Шведскиот напаѓач побара премногу пари. Тој сакаше двојно поголема плата од Роналдо.

– Тој сакаше двојно поголема плата од Роналдо. На состанокот изгледаше како тој да дојде да ме потпише мене, а не јас него. Тој рече дека ќе преговараме само за неговите услови. Реков во ред, збогум. Тој е само еден обичен силеџија – вели Перез.

Швеѓанецот од 2012 до 2016 година го носеше дресот на ПСЖ, а потоа се пресели во Манчестер јунајтед. После разделбата со „црвените ѓаволи“, одлучи кариерата да ја продолжи во американската МЛС каде играше за ЛА Галакси, а минатата година се врати во Милан каде што настапуваше и претходно. Во својата богата кариера играше уште за Барса, Интер, Јувентус, Ајакс и Малме.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицкоски: Скопје го чекаат подобри времиња

Следно

Инцко: Состојбата во БиХ е многу лоша, државата може да се распадне

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian