Нутриционист Тања Турунџиева: Не залажувајте се, алкохолот не го крева либидото!

6 mins read

По нутриционистичките насоки и совети за жените, продолжуваме со тема посветена на мажите (токму во нивниот месец – ноември), нивните навики, специфики и слаби точки, како и начин за нивно надминување и воведување на здрав, балансиран начин на исхрана.

ИСХРАНА ВО ПУБЕРТЕТОТ И АДОЛЕСЦЕНЦИЈАТА
Кај тинејџерите сѐ почест е проблемот со вишокот килограми, токму во периодот на пубертетот и адолесценцијата. Но, за разлика од девојчињата на нивна возраст, тие многу потешко се решаваат да направат промена во својата исхрана, освен ако не се работи за некој здравствен проблем. Кога, сепак, ќе се решат за промена, тоа го прават на своја рака, не се изгладнуваат, не импровизираат со диети, туку едноставно, покрај брзата храна, вметнуваат спортска активност во секојдневието. Во овој случај, најчесто страда нивната кожа, на која се појавуваат стрии поради наглото зголемување или намалување на килограмите, а како последица на недоволното внесување течности, свежо овошје и зеленчук.
Во овој период од животот момчињата сакаат да имаат одлична машка фигура со добра мускулна маса и најчесто се подложуваат на најразлични препарати што во себе содржат вештачки протеини, неедуцирани доволно за последиците од нив – што сѐ се случува со нивниот организам и метаболизам, со бубрезите и со црниот дроб. За избегнување на ваквите проблеми, потребно е правилно насочување од родителите, како и консултација со стручно лице пред почнување диети или земање суплементи во исхраната.

БУНТ НА ХОРМОНИТЕ

Во период на пубертет, особено изразен е бурниот хормонален статус што ги прави момчињата потемпераментни и поизбувливи, но за разлика од девојчињата, не толку склони кон депресија. Кај нив доаѓа до појава на чести агресии, испади, бунтовништво – сето тоа како последица на она што го внесуваат во организмот, агресивноста ја прават токму одредени нутритиви што ги консумираат, особено брзата исхрана наместо свежото овошје и зеленчук, кофеинските и алкохолните пијалаци, наместо свежите природно цедени сокови.

ПРВИ ПРОБЛЕМИ СО ЛИБИДОТО
Кога мажот влегува во период на зрелост, многу е важна состојбата на хормоните, што директно влијае врз состојбата на либидото. Треба да се консумираат производи што ќе доведат до рамнотежа како житарките, мисиркиното месо, рибата и морските плодови, краставицата, интегралниот ориз, црвеното зрнесто овошје и портокалите. Производите што ќе влијаат негативно на хормоналниот баланс се алкохолот, шеќерите, зачинот шафран, солта, газираните пијалаци и преголемо количество на црвено месо. Грешно е да се мисли дека бифтекот ќе го подигне либидото или, пак, со алкохолот ќе се реши овој проблем, токму напротив. Вакво погрешно верување има и за термички обработените јатки.
За разлика од жените, мажите се склони кон замастување на црниот дроб, кон дијабетес и почеста појава на кардиоваскуларни заболувања, што многу влијае врз либидото – проблем што никој не го решава, затоа што е табу-тема. Сепак, со соодветна стручна помош и воспоставување рамнотежа во организмот, ќе се подобри либидото и ќе има подобар ефект и на психичката и на физичката основа.

ПОДОБРЕНА ПЛОДНОСТ КАЈ МАЖОТ
Друг проблем што ја мачи машката популација е квалитетноста на сперматозоидите што ги создава и често, кога ќе се појават проблеми со забременување, жената е таа што подлегнува на најразлични испитувања или на хормонални терапии без претходно да биде испитано каква е подвижноста и квалитетот на сперматозоидите. Потребно е да се знае што му треба на организмот за да има добра плодност. Голема улога играат витамините А, Ц, Е, Б6, есенцијалните масни киселини (внесени преку маслата и јатките), минералот цинк како особено важен за машката плодност, селенот, манганот, л-аргининот, л-карнитинот, како и хромот.
За придонес во создавање поквалитетна сперма ќе набројам неколку нутритиви што се од суштинско значење за организмот на мажот да се опушти и да биде балансиран. Тука спаѓаат бананите поради витаминот Б6, семките од сончоглед поради витаминот Е и цинкот, потоа лубеницата поради провитаминот А, рибата што е богата со омега-3 масни киселини и создава поквалитетна сперма и подобар кардиоваскуларен систем. Интегралниот ориз, авокадото што е познато за решавање кај сите хормонални нарушувања и кај мажите и кај жените. Сите семки што ги споменав и јатки, зелениот лиснат зеленчук – марула, рукола, блитва, зелје, спанаќ, вклучувајќи ги и морските алги, иако не се специфични за нашето поднебје. Потоа, лукот и црвеното зрнесто овошје од кое најмногу се издвојува свежата брусница. Од зеленчуците, целерот игра полесна улога за тестостеронот, како и за квалитетот на спермата и ерекцијата.
Но, ако некој има потреба од стимулација, ако потсвесно смета дека мора да се напие алкохол – може црвено вино, но не повеќе од три чаши. Црвеното вино во себе содржи антиоксиданти, стимулира, го забрзува крвотокот и во исто време ги штити крвните садови. Кога мажот се соочува со ваков проблем често запаѓа во депресија, но одредени нутритиви ќе помогнат за да се зголеми серотонинот, хормонот на среќа – тоа се мисиркиното месо, печурките, од рибата води туната, потоа, ако не се може без месо, од црвените меса јунешкото, бананите, бунгурот (еден тип пченица), ако не се може без сирење, тогаш да биде тоа моцарела, наместо полномасните сирења, целерот, интегралното безглутенско брашно од кои води хелдата, бидејќи е одлична за зголемување на циркулацијата.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Брнабиќ: Косово нема што да бара во УНЕСКО

Следно

42 санкции за брзо возење во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian