НЕВЕРОЈАТНО! Двајца возачи возеле 70 км/час побрзо од дозволеното

1 min read

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 73 возачи.

– Од вкупниот број санкционирани возачи, 16 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволеното, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во текот на наредните денови и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила со цел побезбеден сообраќај.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Малкумина го знаат: Ова е синот на Дорис Драговиќ поради кој стави точка на кариерата!

Следно

Ботас ја искористи казната на Хамилтон за пол-позиција во Бразил

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian