Мицкоски: Скопје го чекаат подобри времиња

1 min read

Македонија и Скопје ја сакаат слободата. Скопје на пиедестал секогаш ја ставало борба за слобода, верувањето во принципи и надежта за иднината во која веруваме. Луѓето кои за тоа се бореа пред 77 години се нашите херои денес, тие ја донесоа победата над фашистичкиот окупатор и нивна е славата, а заедничка е слободата, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фесјбук-профил.

Таа слобода, додава Мицкоски, ја браниме и денес, и таквата љубов кон Скопје ја имаме и денес.

– Нашите современи битки ќе бидат нашите заеднички победи, нашето раздолжување кон градот на солидарноста, слободата и хуманоста. Скопје го чекаат подобри времиња, а новата иднина е нашиот сон за времето кое доаѓа. Со таа верба и непоколебливла надеж, среќен и вечен денот на ослободувањето – 13 Ноември, граду мој!, напиша Мицкоски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Галијата која почна да се урива нема да биде „спасена“

Следно

Перез удри по Ибрахимовиќ: Златан е само еден обичен силеџија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian