Мартин со пол-позицијата за Големата награда на Валенсија

1 min read

Возачот на „Прамак“, Хорхе Мартин ќе стартува како првопласиран в недела за Големата награда на Валенсија во Шпанија во рамките од Мото ГП шампионатот.

Легендарниот Валентино Роси својата последна трка во кариерата ќе ја стартува од 10 место.

Шпанскиот мотоциклист Мартин по четврти пат во својата кариера ќе се најде на пол-позицијата во „кралската“ класа.

Најдобриот резултат го постави во „брзиот круг“ во завршницата кога имаше време од 01:29.936 мин.

Голема борба водеше со Франческо Бањаја. Возачот на „Дукати“ оствари резултат 01:30.00 мин. во последните минути, но во последниот круг доживеа пад. Италијанецот ќе мора да се задоволи со втората стартна позиција.

На третото место ќе се најде Џек Милер, кој исто така падна во завршницата од тренингот. Неговото најдобро време беше 01:30.325 мин.

Во вториот стартен ред ќе се најдат Жоан Мир, Жоан Зарко и Алекс Ринс. Ќе бидат следени од Бред Биндер, новиот шампион Фабио Квартараро и Такаки Накагами.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стефоска на Конференција на УНЕСКО: Универзалните вредности се сведоа на битка за преживување

Следно

Сè е така розово: Парис Хилтон во розова венчаница славаше во забавен парк!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian