Крадец признал дури седум кражби

1 min read

На 12.11.2021 околу 19.00 часот полициски службеници од Единицата за брза интервенција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Љ.(47) од Скопје поради основано сомнение дека на 18.10.2021 во станбен објект на ул.„Лондонска“ во Скопје одзел повеќе предмети.

Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници тој признал уште седум кражби кои ги сторил во периодот од мај до октомври оваа година во станбен објект на бул.„8-ми Септември“ во Скопје, каде што одземал повеќе предмети кои подоцна ги продавал. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО | Нови ликови, стари љубови… Објавен трејлерот на „And Just Like That“, продолжението на Сексот и Градот

Следно

Меркел апелираше до невакцинираните: Ве молам, размислете повторно

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian