Кој ќе го наследи Заев во СДСМ: Талевски, Шилегов или Богоев?

1 min read

По губењето на повеќето општини на локалните избори, премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев си поднесе оставка и од двете позиции.

Сега следува потрага по нов лидер од редот на социјалдемократите кој ќе треба да го замени Заев.

Според информации на ТВ21, три имиња се во игра за на Бихаќка: Дане Талевски, Петре Шилегов и Стефан Богоев.

Според партискиот статут, вонредни внатрепартиски избори треба да се распишат во рок од 15 дена од престанокот на функцијата, кога се одредува и датумот за нивно одржување.

Вонредни избори се одржуваат според истата процедура како и редовните внатрепартиски избори, а се распишуваат во случај на оставка на претседателот на партијата, со изгласување недоверба или со престанок на функцијата по кој било основ.

Инаку, пред неколку дена заседаваа Извршниот и Централниот одбор на партијата каде беше донесена одлука Заев да остане на функцијата уште некое време.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Воздухот е презагаден во Њу Делхи, училиштата се затвораат на една недела

Следно

Голем удар за Мерцедес: Хамилтон дисквалификуван од квалификациите во Бразил

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian