Како „Tiffany&Co“ кутијата стана најпопуларното пакување во светот

5 mins read

Појадок кај Тифани! Седум часот наутро, голем светкав излог, мал црн фустан, големи црни очила и пециво во раката. Мечта на секоја женa! Префинет накит, беспрекорна изработка, статусен симбол. Сето тоа спакувано во малечка тиркизна кутија.

Сите го знаат значењето на малата тиркизна кутија: накитот на Тифани („Tiffany & Co.“) и она што најверојатно е внатре. Честопати, накитот во форма на срце изработен од безвременско сребро стана многу посакуван во колекцијата накит за секоја девојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 김다혜 (@_kdhye112)

Бојата е бр. 1837 на табелата на Пантон („Pantone Matching System“) и комерцијално не е достапна. Од 1998 година, бојата е заштитена со заштитен знак. Пакувањето на кое се појавува бојата е регистрирано и како заштитен знак заедно со белата сатенска лента врзана околу кутиите и изразот „Тифани сина кутија“ („Tiffany Blue Box“). Без никакви дилеми, тој е најпрепознатливата и најпосакуваната малопродажна кутија во историјата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🎈 (@eundi__go)

Но, како само мала картонска кутија со тиркизна боја стана култно олицетворение на материјалните соништа и желби на секоја девојка?

Луис Тифани кој беше страствен за пофините работи во животот, како и за наоѓање на најубавите дијаманти на светот, е оној кој го започна наследството од пакувањето на Тифани. Тифани ја започна својата империја со продавница за „канцелариски материјал и фенси стоки“ на Бродвеј 259 во Њујорк, благодарение на заемот од 1.000 долари од неговиот татко. Не помина долго додека класичното пакување Тифани и неговиот накит не го добија глобалното признание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by luxlittlething (@lux.littlething)

Некои велат дека Тифани ја избрале својата карактеристична сина боја за да ја изразат популарноста на тиркизниот накит кој во тоа време е во мода, но никој не го знае тоа со сигурност. Она што е сигурно е дека нијансата стана инстант знак за идентификација за Тифани – а како резултат и за најдобриот накит во бизнисот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luxlittlething (@luxlittlething)

Пресврт беше кога компанијата ќе го претстави својот дијамантски веренички прстен во 1886 година: Тифани сината кутија станува посакувана како и самиот прстен, или што и да е внатре. Во 1905 година, Тифани веќе се смета за водечки американски снабдувач на фин накит. Следната година, Њујорк Сан објави дека Чарлс Луис Тифани „има едно нешто на залиха што не можете да го купите за толку пари колку што можете да понудите; само може тој да ви го даде. И тоа е една од неговите кутии“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MedalBook Inc. (@medalbook_inc)

Се разбира, прво треба да купите нешто мало. И така веќе еден век. Во 1961 година, Тифани го запечатува својот врвен успех кога Парамоунт Пикчерс („Paramount Pictures“) го објавува филмот „Појадок кај Тифани“, заснован на романот на Труман Капоти од 1958 година, во кој глуми младата Одри Хепберн. За прв пат дотогаш, Тифани беше отворена во недела за да се овозможи снимање. Таму, исто така, беа поставени 40 вооружени чувари за да се спречи некоја од нивните сини кутии да исчезне.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tiffany925 (@love_tiffany925)

Деновиве, „Pantone“ го разви стандардот за боја за комерцијалната сина на Тифани бр. 1837, што ја користат добавувачите на тие мали кутии. За нијансата Извршниот директор на Институтот за бои Пантон, Леатрис Ајсман, изјави – „оваа боја предизвикува позитивни мисли и реакции, а тоа, во комбинација со статусот што Тифани му го додели, создава совршено пакување“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KaDeWe (@kadeweofficial)

 

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Барди со подобра оценка од тројца германски репрезентативци

Следно

Стефоска на Конференција на УНЕСКО: Универзалните вредности се сведоа на битка за преживување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian