Инцко: Состојбата во БиХ е многу лоша, државата може да се распадне

1 min read

Поранешниот висок претставник на меѓународната заедница во БиХ Валентин Инцко изјави дека ситуацијата во БиХ никогаш не била потешка и оти државата може да се распадне.

Инцко рече дека целосно се согласува со оценката на сегашниот висок претставник Кристијан Шмит, кој предупреди во Советот за безбедност на ОН дека БиХ може да се распадне, јави денеска порталот Кликс.

– Целосно ја делам оценката на Кристијан Шмит. Тој го опиша трендот, ако продолжи вака, тоа би можело да се случи. Тоа може да го поткопа и Дејтонскиот договор, со кој беше воспоставен мировен поредок во БиХ во 1995 година, изјави Инцко за австрискиот весник Пресе (Die Presse).

Виенскиот весник потсетува дека српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, неодамна ги засилил заканите дека еден дел од БиХ, Република Српска, може да се отцепи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Перез удри по Ибрахимовиќ: Златан е само еден обичен силеџија

Следно

ВИДЕО | Нови ликови, стари љубови… Објавен трејлерот на „And Just Like That“, продолжението на Сексот и Градот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian