Холивуд ја слави слободата на Бритни Спирс

1 min read

Поп-ѕвездата Бритни Спирс после толку години живеење под старателство, конечно е слободна и подготвена сама да ги носи сите свои одлуки, особено кога се во прашање финансиите, кариерата, љубовта.

Судот во Лос Анџелес го укина решението за старателство над неа по 13 години, а тоа особено ги воодушеви нејзините фанови ширум светот кои на посебен начин го прославија овој среќен момент.

„Најдобриот ден на светот, ти благодарам господе“, напиша Бритни покрај видеото на кое публиката го слави важниот датум.

„Драги господе, колку ги сакам моите обожаватели. Мислам дека ќе плачам во остатокот од денот“, напиша пејачката и го додаде зборот „Слобода“.

Слободата на Бритни Спирс вчера предизвика лавина реакции од познатите личности на социјалните мрежи.

Меѓу оние кои ја прославија оваа победа беа Шер, Донатела Версаче, Парис Хилтон, вереникот на пејачката и многу други познати личности.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Не се за секого мнооогу пари: Вложил пола евро, добил 11,5 милиони, банкротирал за 10 години! Еве како ги потрошил паричките!

Следно

Бурни реакции за првата геј сцена во Симпсонови: Дали е навистина потребно?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian