Хакиран Твитер профилот на Османи

1 min read

Oфицијалниот Tвитер профил на министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска бил мета на хакери.

Веста, шефот на дипломатијата ја соопшти преку Фејсбук, потенцирајќи дека во моментов не може да го контролира профилот.

„Be известувам дека во моментов, мојот твитер профил е надвор од моја контрола, и соодветно, последните активности не претставуваа дел ниту од моите интенции, активности, ставови, убедувања, ниту претставуваат официјални ставови на институцијата“, вели Османи.

Османи го пријавил случајот и во Министерството за внатрешни работи, како и восамата компанија Твитер и, вели дека очекува брза реакција и враќање на профилот.

Од она што може да се види на социјалната мрежа, името на профилот на Османи во моментов е сменето во „Sheldon The Sniper“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Германија во ковид пекол: 50.000 нови инфекции за 24 часа

Следно

Брнабиќ: Косово нема што да бара во УНЕСКО

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian