Голем удар за Мерцедес: Хамилтон дисквалификуван од квалификациите во Бразил

1 min read

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на „Мерцедес“ Луис Хамилтон е дисквалификуван од квалификациите и вечерашната спринт трка во Сао Паоло (Бразил) ќе ја започне од последното место.

Со одлуката од организаторите на трката, се брише резултатот од вчерашните квалификации во кои Британецот беше најбрз и така обезбеди да стартува прв во спринт трката.

После таа казна, прв ќе стартува неговиот ривал во борбата за шампионската титула, Макс Ферстапен од „Ред Бул“, кој беше втор во квалификациите.

Актуелниот шампион беше казнет бидејќи ДРС на неговиот болид не беше во рамките на правилата, односно задното крило беше отворено повеќе од дозволеното.

Хамилтон веќе има казна од пет места во спринт трката, па додатно ќе му ја отежни борбата за титулата со Ферстапен, кој има 19 бодови предност, на четири трки до крајот на шампионатот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кој ќе го наследи Заев во СДСМ: Талевски, Шилегов или Богоев?

Следно

Во Ниш продолжуваат состаноците на Отворен Балкан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian