Ќе се уриваат спорните вили во Леуново, се чека само багерот

2 mins read

Општина Маврово Ростуше сѐ уште не нашла фирма за уривање за да ја ангажира за отстранување на бесправно изградените објекти во Маврово. Во писмениот одговор до „Слободен Печат“, оттаму велат дека Општина Маврово и Ростуше до овој момент нема избрано правен субјект кој би бил ангажиран за реализација на споменатото Решение. Кога ќе се избере соодветен правен субјект ќе се пристапи кон реализација на решението за уривање на бесправно изградените објекти на хотел „Радика“ и на други решенија кои чекаат извршување во Општина Маврово и Ростуше.

Застојот делумно се должи и на тоа што во оваа општина, како и во соседната Центар Жупа, на локалните избори не е избрана нова локална власт, поради што се чека, наместо градоначалник, Владата да постави државен повереник до организирање на нови локални избори.

Од Општината, сепак, напоменуваат дека инвеститорот има платено комуналии за отпочнатите објекти, но негираат дека тој продолжува да ги гради објектите за кои е донесено решение за уривање. Од локалното население, нашата редакција, меѓутоа, доби фотографии на кои се гледа дека има помали градежни активности на вилите кои чекаат на уривање.

За случајот со изградбата на 87 луксузни вили на земјиште кој го купиле од државата, во срцето на Националниот парк Маврово, од кои дел се без дозвола за градба, Основното јавно обвинителство во Гостивар има покренато обвинение против две лица, косовски државјани. Тие се товарат за кривичното дело бесправно градење.

Заденеска во 12 часот е најавен протестен собир на локалното население и на сопственици на викенд-куќички на паркингот во селото Маврово. Протестот е поради прекумерната урбанизација на националниот парк, за која сметаат дека е толерирана и од локалните и од централната власт.

Во Маврово ескалира проблемот со дивите градби: Протестирал за скината цевка, багерoт му ја прегазил ногата!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бенон обвинет за непочитување на Конгресот

Следно

Што прави денеска – Сузана Турунџиева, ТВ-водителка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian